Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Renault најави враќање на Gordini
11.11.2009

Информацијата не е нова. За неа се говори одамна. Но дури сега францускиот производител одлучи официјално да го најави враќањето на легендарната спортка марка Gordini.

renault-gordini-2010-1

Одговорните во Renault трпеливо молчеа подготвувајќи ги специјалните верзии на моделите Twingo, Clio и Megane и истакнуваат дека со официјално претставување ќе се стартува за само две седмици. Дали ова значи дека наскоро ќе бидеме сведоци и на оживување на Аlpine?

Сино обоените автомобили со две бели линии кои ќе ја носат ознаката Gordini ќе ја обогатат програмата на Renault Sport Technologies.

Првиот модел од тројката Gordini ќе биде Clio Gordini RS и ќе биде претставен на 25 ноември. Сината бомба на четири тркала ќе биде изложена на L’Atelier Renault на Шанз Елизе во Париз и ќе биде дел од изложбата „Божик во Сино”.

Gordini како спортска и модна марка на Renault беше олицетворение на модерните, успешни луѓе со немирен дух во своето време и нудеше препознатливост врзана за одлични перформанси.

Со Gordini, Renault ги забележа едни од најголемите успеси во историјата автомобилскиот спорт. Непрежалениот R8 Gordini во 1964 на релито Корзика успеа да ги освои првото, третото, четвртото и петото место.

R8 Gordini беше синоним за забава зад волан. Се појавуваше и на филмското платно возејќи ги француските филмкси ѕвезди како Ален Делон и Лино Вентура што беше пресудно за освојување на една цела генерација на млади возачи.

Трендот што го постави R8 Gordini беше симбол за успех на една цела генерација. Благодарение на Gordini, Renault во период од 20 години успеа да продаде 200.000 автомобили кои ги носеа препознатливите симболи.

Renault очекува оживување на времињата на успех на својата спортска марка и создавање нова генерација обожаватели кои ќе се идентификуваат преку моделите на Gordini.

Продажбата стартува на пролет 2010.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook