Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Renault Ondelios
12.09.2008
renault-ondelios-1.jpgСо комбинирање на луксузот, проодноста на терен и екологијата, Renault преку својот концепт Ondelios ќе им се придружи на своите француски ривали на салонот во Париз.

Ondelios е концепт на хибриден кросовер кој во должина мери преку 4,8 m, широк е 2,0 m, додека висината застанува на 1,6 m. И покрај големите димензии Ondelios има коефициент на отпор на воздух од 0,29 Cd кој драстично ја снижува потрошувачката при високи патни брзини.

Според шефот на дизајн во Renault, Патрик Ле Квемент, создавањето на Ondelios е инспирирано од движењето не од брзината и претставува сосема нов и поразличен одговор на повикот за крстарење по отворените патишта.

„Елементите како што се предната маска изработена од алуминиум оивичена со предните светла кои делуваат како излиени во каросеријата и истекуваат удолу кон неа, но и останатите течни форми на каросеријата се дизајнирани за да сугерираат движење,” објаснува Квемент.

Друга впечатлива форма кај Ondelios се аеродинамичните задни светла во форма на бумеранг. Тие исто како и предните се вметнати во каросеријата и се наредени со т.н. екстрактори на воздухот кои го контролираат токот на воздушните струења што се појавуваат од под отворите на задните тркала.

Внатре во огромните отвори за тркалата се сокриваат леснометални бандажи од дури 23 инчи кои се обуени во гуми Michelin Pilot Sport со ширина од 255 mm.

Сите четири тркала, преку ново развиен седум степен менувач со две спојки ги задвижува 2.0 литарски турбо дизел dCi кој е модификуван за да остварува 205 коњски сили и максимален вртежен момент од мрсни 450 Nm, плус два електро мотори кои добиваат енергија од литиум-јонски акумулаторски батерии и произведуваат моќност од 27 коњски сили поединечно.

Сето ова е доволно за спринт до 100 km/h за 7,8 секунди, максималната брзина не е наведена, но затоа во Renault се гордеат со потрошувачката која во просек не надминува 4,5 литри на 100 km и емисијата на СО2 од точно 120 g/km.

Во кабината се влегува преку две врати кои се отвораат нагоре во стил на Gullwing. Стаклените површини ја прекриваат кабината и овозможуваат патниците внатре да се чувствуваат како да се наоѓаат во многу поголем простор.

Големата кабина нуди три реда седишта и доволни за индивидуално сместување на шест возрасни патници кои на патувањето ќе ги забавува инфо системот од четири LCD монитори поставени во потпирачите за глава на првиот и вториот ред седишта, плус петте LCD монитори поставени на арматурата на кои се прикажува и сликата од камерите кои се замена за ретровизори.

Како што рековме на почеток Ondelios ќе биде преставен на салонот во Париз, каде ќе му се придружат мистериозното купе со четири врати на Peugeot со работен назив RC и Citroen Hypnos.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook