Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Renault планира инвазија со електрични возила
30.06.2008
renault-clio-electric-1.jpgЦените на нафтата одат до небо и во моментов се актуелна тема насекаде низ светот. Токму ваквиот пораст на цената на нафтата актуелизираше уште нешто.

А тоа е масовната заинтересираност за хибридни и електрични возила. Се чини дека нема бегање и дека мобилната иднина зависи од нив. Од производителите на автомобили најголем интерес за производство на електрични возила најави Renault.

По најавата дека работат на електричен автомобил од Renault стигнува уште една најава. Имено француската марка верува дека цените на нафтените деривати ќе продолжат да растата со вртоглаво темпо и дека тоа нема да се смени.

Затоа дел од своите сили насочуваат кон опсежна развојна програма на електрични автомобили и уверуваат дека до 2015 ќе произведуваат по 100.000 електрични возила на годишно ниво. Точно е дека математиката до сега никогаш не била на страната на електричните возила велат во Renault, бидејќи се премногу скапи за производство, но според нив дојдено е времето кога работите ќе се свртат во нивна корист.

Комплетирањето на развојната програма ќе заврши во 2011 и Renault и Nissan со заеднички сили ќе кинисааат во масовно производство на електрични автомобили со конверзија на постоечките Clio, Megane Sedan и Kangoo кои на старт ќе се продаваат во Израел и Данска.

Следната година, значи во 2012 Renault и Nissan ќе лансираат комплетно ново електрочно возило поставено на нова платформа која подоцна ќе ја дели цела фамилија на возила.

Платформата нема да се разликува од оние што до сега се развиваат за конвенционалните автомобили. Во Renault и Nissan веруваат дека со дизајнот на конвенционална платформа за eлектричен автомобил многукратно ќе се намалат трошоците за производство бидејќи ќе се работи за технологија кој наголемо е усвоена и која нуди ниски трошоци на производство.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook