|
20.11.2007 |
Францускиот производител Renault стартуваше со
сериско производство на својот прв SUV во фабриката во
Јужна Кореа. А намерата е да произведе 100.000 единици на годишно ниво.
Пред да стартува производството на Koleos, Renault
Samsung Motors Co најави дека годинава ќе продаде најмалку 172.300
патнички автомобили произведени во
погоните во Јужна Кореа.
„Планираме да го искористиме полниот капацитет на
фабриката и да извеземе околу 60 до 65 проценти од произведените возила,”
истакна директорот на корпорацијата Renault Samsung, Жан-Мари Хартигер.
Планот на Renault Samsung е најголемиот дел
од произведените SUV да ги продава во Европа стартувајќи од мај 2008. Воедно
Хартигер истакна дека компанијата планира да го зголеми годишното производство
за два пати до 2010 со инвестирање на дополнителни средства во следните три
години.
Koleos кој стартува со продажба во Јужна Кореа идниот месец, ќе
им биде главен конкурент на Citroen C-Crosser и на Peugeot
4007.
Renault има 80,1 проценти удел во корпорацијата Renault
Samsung, кој е поранешна експозитура на најголемиот конгломерат во Јужна Кореа, Samsung
Group.
|