Renault одлучи да ја изненади светската јавност претставувајќи ги сосем неочекувано првите официјални фотографии од својата луксузна лимузина
Safrane.
Покрај тоа што прикажувањето на новата генерација на Safrane
е изненадување, изненадување е и одлуката во Renault по цели
осум години повторно да го вратат името Safrane, за кое
пак, сеуште не е јасно зошто беше напуштено во прв план.
Оригиналниот Safrane се произведуваше
од 1992 до 2000 година како луксузен модел на Renault кој воедно
беше презентиран од страна на францускиот производител и како бизнис лимузина.
Во 2000 Safrane на европскиот пазар беше заменет со моделот Vel
Satis. Од тогаш до ден денешен не беше јасно дали Safrane ќе добие
свој наследник и покрај фактот што Vel Satis неможеше да го
постигне очекуваниот пазарен успех, ниту пак со продажбата успеа да се доближи
до Safrane.
Новиот Safrane всушност претставува несменета верзија на лимузината SM5 создадена
од Renault Samsung Motors, која се произведува во Јужна Кореа.
Во Renault засега не планираат новиот Safrane да го
продаваат во Европа, според одговорните во компанијата на почеток ќе биде
наменет само за пазарите на Блискиот Исток и Азија. Евентуалниот пласман во
Европа зависи од успехот што ќе го постигне на овие пазари.
Под хаубата на Safrane ќе работи V6 бензинец од
2.3 литри кој остварува околу 180 коњски сили и е спарен со пет степен
автоматски менувач, кој пак, ја испраќа моќноста до предните тркала.
Автомобилот ќе се произведува во фабриката на корпорацијата
Renault Samsung Motors во Бусан, Јужна Кореа, која е 80,1% во сопственост на
групата Renault.
Renault Safrane, односно Samsung
SM5 е поставен на истата платфрома врз која се изведени и Nissan
Teana и верзијата на Nissan Maxima која е наменета за пазарот во САД.
|