|
Француско – корејскиот концерн Renault Samsung ги претстави првите официјални фотографии и неколку детали за новата генерација на луксузниот седан SM5 кој пристигнува веднаш по нова година.

Целта на Renault Samsung е да се спротивстави на силната конкуренција која доаѓа од Hyundai и од Kia пред се на домашниот пазар. За таа цел четвртиот по големина производител на автомобили во Јужна Кореа нуди повеќе луксуз по пониска цена.
SM5 е поставен на платформата на актуелната генерација на Renault Laguna и на почетокот под хаубата ќе работат 2.0 литарскиот атмосферски бензинец и 2.0 литарскиот турбо дизел, додека снагата и кај двете моторни варијанти ќе се пренесува на предните тркала преку шест степен автоматски менувач Xtronic.
Она што е карактеристично за SM5 е вистиснкото богатство од опрема која доаѓа сериски. Од надвор тука се хромираните детали како рамката околу прозорите, предната маска и на капакот од багажникот.
Адаптибилните предни светла со Xenon технологија кои се вртат во свијок, панорамскиот кров чија предна половина се отвора и сензорите за паркирање и напред и назад исто така доаѓаат сериски.
Но, кај SМ5 вистинско уживање нуди вантрешното окружување. Кабината е обложена со кожа со детали од вистинско обработено дрво и полиран алуминиум кои го подигаат чувството на луксуз и квалитет.
Внатре возачот ужива завален во своето седиште кое покрај електричното местење и можноста за меморирање на три положби има функција за масажа на грбот.
Звукот доаѓа од квалитетниот аудио систем со шест звучници + сабвуфер на Bose, аудио системот е врзан со сателитската навигација и се управува со заеднички команди сместени на централната конзола веднаш зад менувачот.
Понатаму автоматскиот клима уред нуди можност за четири зонско разладување на кабината: лево-десно и напред назад. Клима уредот дополнително има три модуси за контрола на квалитетот на воздухот.
Првиот модус е Clean Mode кој нуди свежина на воздухот што влегува во кабината, вториот модус е Relax Mode кој во кабината пропушта мали количества од епруветата со парфем и третиот модус е Plasma Ionizer. Тој го јонизира воздухот создавајќи негативни јони кои ги отстрануваат микроскопските честички способни да предизвикаат алергија и кивање.
Кој сака да ја намириса кабината со цел брзо отстранување на несаканата миризба може дополнително со притискање на копче да вбризга поголемо количество парфем.
За да се постигнат саканите резултати кои на крај на купувачот ќе му подарат автомобил во кој ќе може да ужива бил потребен развој што траел три години и чинел околу 340 милиони долари.
Но, инженерите успеале во намерата и во SM5 понудиле луксуз достоен на поголема и поскапа лимузина. Продажбата во Јужна Кореа стартува кон крајот на јануари кога ќе се знае и цената .
Иако до сега моделите на Renault Samsung до сега беа наменети исклучиво за пазарите во Азија извори од компанијата тврдат дека голема е веројатноста третата генерација на SM5 да стане глобален автомобил.
Но, дали тоа значи дека SM5 ќе биде понуден и во Европа?
|