|
21.11.2007 |
Конечно падна мистеријата која го покриваше новиот SUV модел кој
нaстана како плод од соработката меѓу Renault и гигантот за
производство на електроника Samsung.
Новиот модел кој досега беше познат под името Koleos и кој ќе
се произведува во заедничката фабрика во Јужна Кореа тргнува во освојување на
пазарот идниот месец.
За QM5 се вели дека е конструиран од Nissan,
стилизиран во Renault и произведен во Јужна Кореа.
Шасијата ја донира крооверот Qashqai и ја краси
делумен погон на четири тркала, кој може да испрати 100 проценти од моќноста на
задните тркала доколку системот детектира пролизгување, а во нормални услови ги
задвижува само предните тркала.
QM5 ќе се произведува во фабриката во Бусан и ќе биде на
располагање со 2.0 литарски турбодизел со 173 КС и помоќен бензинец од 2.5
литри земен на заем од Nissan.
 
|