Креаторот на автомобилот, Renault, одлучи да
го збогати семејството на Sandero со нов кросовер. Новакот го носи името Stepway и стартува
со производство во октомври.
Бразилците ќе бидат први што ќе имаат прилика да седнат
зад воланот на Stepway, бидејќи првичното производство стартува во фабриката на
Renault во Куритиба, а подоцна производството ќе се прошири и во
Аргентина.
Sandero Stepway е создаден на основата на
нискобуџетниот хечбек со пет врати Sandero кого францускиот производител освен во Јужна
Америка, планира да го произведува и во Романија и да го
продава со беџот на Dacia.
Интересен податок е што во Renault се
исклучително горди и веруваат во својот нов производ бидејќи за Sandero
во Бразил даваат гаранција од три години или 100.000 km.
Stepway е значително повисок и има поголем клиренс во однос на
автомобилот од кого е изведен. Накитен е со нови помасивни браници, нова предна
маска, шини на кровот во кои е вкомпониран и задниот спојлер, странични
алуминиумски одбојници кои ги чуваат праговите и хромирана издувна цевка.
На почеток Stepway ќе биде достапен
само со еден мотор. Се работи за 1.6 литарскиот Hi-Flex кој
произведува 112 коњски сили и кој работи на биоетанол Е85. Но, откако
производството ќе се префли и во Аргентина, на располагање ќе бидат и
популраните дизели на Renault, dCi.
Дали Sandero Stepway ќе се произведува во Европа сеуште не
се знае и покрај тоа што обичниот Sandero е најавен за
европскиот пазар.
|