Get Adobe Flash player
Renault со четири електромобили во Франкфурт
15.09.2009
renault-4-elektromobili-1.jpgПрва фотографија на четирите концептни автомобили на електричен погон кои ќе бидат претставени на салонот во Франкфурт и со кои Renault гласно ја најавува својата електрична визија за иднината.

Гледајќи ги концептите од птичја перспектива станува јасно дека во Renault сакаат да понудат цела лепеза на модели кои што целат кон широк круг на купувачи од оние на кои им е потребен мал двосед за низ град и уживање со седишта едно позади друго, до голем луксузен седан.

Францускиот производител најавува дека големо внимание е посветено на создавање лесна конструкција и добра аеродинамика со што ќе се постигне смалување на потрошувачката на енергија и овозможување на поголем радиус на движење.

Електромоторите снагата ќе ја црпат од литиум-јонски акумулаторски батерии кои ќе се полнат и преку соларните панели на кровот на автомобилите.

Во Renault сеуште скржават со информациите за своите нови концепти. Она што е сигурно е дека напливот на информации ќе дојде по претставувањето во Франкфурт, а сериското производство ќе мора да почека.

 

 

 

 

Facebook