Get Adobe Flash player
Renault со нов концепт
06.07.2010

Renault се наоѓа во електрична офанзива. Марката планира во блиска иднина на пазарот да понуди вистински спортист со централно поставен електромотор и го најавува преку концептот DeZir.

renault-dezir-2010-1

Дека станува збор за сериозен концепт со тенденција да стане реалност говори фактот дека тој и директен производ на работата на шефот на дизајн на Renault, Лоренс ван вер Акер кој кај францускиот производител доаѓа од Mazda.

За спортските аспирации на Renault DeZir говори неговата конструкција која претставува просторна цевкаста рамка изработена по примерот на тркачкиот автомобил Megane Trophy.

На неа се прицврстени сите механички компоненти и паналите од каросеријата изработени од карбон-фибер. Сето ова условило тежината на DeZir да не премине 830 kg од кои околу половина отпаѓаат на електромоторот и на литиум-јонските акумулаторски батерии.

Како што наведовме електромоторот е поставен централно во шасијата за да се оптимизира распоредот на тежината предна/задна оска. Батериите исто така го окупираат центарот на шасијата.

Тие се поставени вертикално веднаш зад возачот и совозачот што дополнително допринесува за оптимизирање на тежиштето на автомобилот кој според инженерите на Renault е способен да понуди извонредни динамички карактеристики кои се еднакви на сегашните тркачки автомобили.

Електромоторот во DeZir кон задните тркала испорачува моќност од 150 КС и максимален вртежен момент од 226 Nm. Капацитетот на батериите изнесува 24 kW/h и е доволен за автономија од 160 km.

Полнењето преку стандардна електрична мрежа трае 8 часа, додека при брзо полнење во посебна станица со напон од 400V батериите достигнуваат капацитет од 80% за само 20 минути.

Секако во понудата за DeZir стои и специјалноста на Renault т.н. Quick Drop технологија кој овозможува замена на истрошените батерии со полни на посебните станици за полнење.

Renault DeZir е способен да улови темпо 100 за само 5 секунди, додека од место до 50 km/h стигнува за 2 секунди. Максималната брзина изнесува 180 km/h.

Од Renault истакнуваат дека при максимална брзина DeZir не ги троши пребрзо батериите заради одличната аеродинамика. Коефициентот на отпор на воздух Cd 0,25 e постигнат покрај со флуидната линија на каросеријата и со поставување на рамни панели под подот и заден дифузор.

Одна од главните значајки на DeZir е и претставувањето на автентичен звучен потпис што Renault сака да го обезбеди за своите електричните возила. За да се персонализира звучниот потпис на DeZir побарана е помош од францускиот институт за развој и координација на акустика и музика IRCAM.

Renault DeZir e долг 4.225 mm, широк е 1.968 mm, висок е 1.163 mm, има меѓусокино растојание од 2.582 mm и трага напред/назад 1.600/1.705 mm.

Електромобилот стои на леснометални бандажи од 21 инч обуени во гуми на Michelin со димензии 245/35, а зад нив се сокриваат вентилирачки дискови и напред и назад со дијаметар од 365 mm кои ги зафаќаат шест клипни сопирачки клешти.

Renault најавува светска премиера за DeZir на есен на салонот во Париз.

 

 

 

Facebook