Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Renault со нов модел за Индија
10.10.2011

Renault се подготвува на пазарот во Индија да испрати нов мал модел којшто ќе им конкурира на останатите марки кои се подготвуваат да го освојат овој потенцијално голем пазар.

renault-novo-clio-1-2011-1

Шефот на алијансата Renault-Nissan, Карлос Гон најавува дека тој лично ќе го претстави новиот модел во Индија на почетокот на следната година. Но, за тоа каков ќе биде моделот Гон сеуште не кажува ништо.

Според медиумите во Индија моделот којшто го најавува Renault би требало да биде новиот модел на Modus, но има и такви кои повеќе веруваат дека тоа ќе биде новата генерација на Clio.

Сепак, од Renault ги отфрлаат шпекулациите истакнувајќи дека новиот модел ќе биде поставен на платформата на Nissan Micra и ќе биде развиен специјално за пазарот во Индија за да се постигне ниска цена.

Претставувањето на новиот модел ќе биде во јануари на салонот во Делхи. Од Renault и Nissan истакнуваат дека пазарите како Индија, Русија и Бразил се исклучително важни за алијансата и дека планот е само во Индија да се произведуват околу 400.000 возила годишно.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook