Get Adobe Flash player
Renault со нов салон
17.12.2009

По превземањето на улогата официјален импортер на групацијата Renault Nissan во 2007, Automotive Group најави континуирано зголемување и подобрување на својата дилерска и сервисна мрежа во Македонија.

renault-street-auto-salon-2009-1

Отворањето на новиот изложбено - продажен салон на Street Auto кој се наоѓа на излезот од град Скопје ја покажува насоката на развој кон која се стреми Automotive Group, а преку нив и Renault и Nissan.

Новиот салон станува дел од семејството на Automotive Group во Македонија. Паралелно со отворањето на салонот Street Auto работи и на изградба на сопствен сервис.

Проширувањето на дилерските капацитети на Renault Nissan во Македонија се поклопува со територијалната реорганизација на алијансата која за просторите на Балканот формира нова мрежа наречена Renault Nissan Adriatic со седиште во Љубљана.

Renault Nissan Adriatic се состои од три филијали Словенија, Хрватска и Србија и пет импортери Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Албанија.

 

 

 

Facebook