|
08.01.2009 |
Од втората половина на месец февруари Renault одлучи на
некои пазари во Европа да понуди поевтина верзија на својот мал автомобил Twingo која ќе го
носи името Freeway.
Цената на Twingo Freeway би требало да
изнесува околу 7.500 евра, што е за околу 1.000 евра поевтино од најевтината
верзија на Twingo што се продава кај нас.
Со новата цена Twingo ќе биде далеку поевтин
од конкурентите во класата и се изедначува со цената на Dacia Sandero. Сепак, во
Renault сеуште не прецизираат во кои европски држави ќе се
продава Twingo Freeway и дали ќе пристигне и во Македонија.
Според податоците кои доаѓаат од матичната куќа Twingo
Freeway ќе биде задвижуван од познатиот бензинец на Renault со
зафатнина од 1.2 литри и моќност од 60 коњски сили.
Twingo Freeway сериски ќе биде опремен со ABS и EBD, две
воздушни перници, централна брава со далечинско, електрика на стакла, радио со CD со два
звучника со моќност од по 15W и волан кој се мести по висина.
|