Проектот на Renault со израелската
фирма Shai Agassi, наречен Better Place кажува дека
францускиот производител веќе наголемо се ангажира во производството на
електричен автомобил.
Веќе пишувавме дека целта на проектот е електроавтомобилот
да се претвори во практична реалност. Но, очигледно овој проект е само мал дел
од амбициите на Renault. Има информации дека
Renault самостојно стартува со развој на сопствен електроавтомобил.
Станува збор за проект во за кој ќе биде ангажирана и
партнерската фирма Nissan заради кратење на трошоците, но и заради заедничката
определба за производство на електрични автомобили. Забрзаниот развој треба да
вроди плод уште во 2010, кога ќе се комерцијализира овој електроавтомобил и ќе
биде комплетно нов модел кој ќе застане во сегментот на мини автомобилите.
Потврдата за електроавтомобилот на Renault доаѓа
директно од директорот на компанијата Патрик Пелата кој истакна дека новиот
модел ќе се појави на пазарот пред Олимписките игри во Лондон во 2012.
За разлика од Renault електроавтомобилот
во Nissan нема да биде поставен на нова платформа туку ќе биде
произџведен на основата на сегашниот мал автомобил на Nissan, Cube.
Електроавтомобилот на Renault по големина
ќе биде како сегашниот Twingo и ќе се нуди со две акумулаторски батерии една мала за
кртаки релации како што е возењето низ град и една голема за долги патувања кои
ќе трајат повеќе од еден ден.
Најавата дека во Renault владее
голема заинтересираност за електроавтомобилите ја предочи концептот Zoom кој се
појави далечната 1992.
|