Новиот Renault Symbol се закити со наградата AutoBest
за 2009. Жирито составено од автомобилски новинари од 15 држави му додели
вкупно 879 бода доволно за победа.
Наградата AutoBest се доделува секоја
година за најдобриот автомобил кој се продава на така наречените новорастечки
пазари во Европа. Тоа се Бугарија, Кипар, Чешка, Хрватска, Унгарија, Македонија,
Полска, Романија, Русија, Србија, Словачка, Словенија, Турција, Украина и
Грција.
Годинава за најдобар автомобил од петте финалисти Chevrolet
Aveo, Dacia Sandero, Ford Fiesta, Mitsubishi Lancer и Renault
Symbol, беше избран новиот автомобил на Renault, моделот Symbol, кој ќе се
продава и под името Thalia.
Renaut Symbol ја понесе наградата поради својата
елегантна и голема каросерија, практичност, економичност и исклучително голем
комфор за својата класа и ценовна категорија. Членовите
на жирито беа доста децидни во својот избор бидејќи 10 од 15 гласаа
токму за Symbol.
Минатата година за AutoBest беше
избран Fiat Linea.
Дополнителна причина за освојување на наградата беше
одличната економичност на Symbol. Имено во септември за време на натпреварот Eco Challenge во Турција,
Renault Symbol задвижуван од 1.5 литарскиот турбо дизел dCi со 85
коњски сили успеа да постигне просечна потрошувачка од 3.15 L/100km.
Секако оваа потрошувачка беше постигната со придржување
кон одредени правила за економично и еколошко возење пропишани во правилникот
на овој Eco Challenge.
Сепак, тоа не ја намалува вредноста на потрошувачката, но
и на емисијата на СО2 која изнесувала само 85 g/km.
По патиштата низ Турција победничкиот автомобил извозел
1.430 km со просечна брзина од 63,6 km/h. По минувањето низ
целната линија резервоарот на Renault Symbol содржел уште 8 литри гориво.
Со пресметување се утврдило дека доколку продолжел да
вози со преостанатото гориво Renault Symbol вкупно би минал преку 1.700 km со еден
резервоар.
Под името Thalia овој автомобил е
се пордава на пазарите во Балтичките земји, Чешка, Крватска, Унгарија, Црна
Гора, Полска, Србија и Словачка.
|