|
31.07.2007 |
Renault планира во Франкфурт да претстави концептен автомобил
кој е базиран на новиот Twingo. Серискиот модел е планиран да се појави на
пазарот некаде кон средина на 2008.
Новиот автомобил е кабриолет направен од Twingo и опремен
со метален склоплив кров. Како што е редот од тука доаѓа и името нели Coupe-
Cabrio или скратено СС.
Дизјанот е малку изменет во однос на обичниот Twingo но тоа е
потребно кага станува забор за автомобил што нуди небо над глава, а во
багажникот треба да го собере целиот прекривач.
Внатре место за седење има само за двајца. Одлично за Renault бидејќи не
експериментира и не троши пари за две сосем нефункционални седишта од зади.
Моќноста ќе доаѓа од 1.1 литарски четирицилиндричен
бензинец кој на предните тркала преку пет степен менувач ќе испорачува
пристојни 120 коњски сили. Истиот мотор подоцна ќе се вградува и во Twingo
RS, но таму плафонот на моќност ќе завршува со 130 коњи.
Цената бонбона. Стартува од 15.000 евра.
|