Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Renault Twingo RS
06.02.2008
renault-twingo-rs-1.jpgФакт: инженерите и дизајнерите во Renault Sport го трансформирале Twingo од сладок малечок автомобил во агресивен жежок заводник со спортски гени под ламарината, но и на неа.

Уште на прв поглед нема соменaвање дека под хаубата се кријат многу коњи и дека Twingo RS нуди едно возбудливо искуство за тој што цврсто ќе го стегне воланот вo дланки и ќе притисне на педалот за гас.

Под хаубата врти 1.6 литарски четирицилиндарец кој на прeдна оска испорачува здрави 133 коњски сили, доволни за брзо извлекување од градскиот метеж, но и за многу поголеми предизвици. За тоа се грижи доработеното подвозје, стегнато во Renault Sport, со нови поцврсти пружини и амортизери и поголеми стабилизатори.

Однадвор Twingo RS ја покажува својата ќуд со нова шминка која се состои од нов преден и заден браник,  пошироки арки над тркалата, странични завеси, спојлер над задното стакло и хромирана издувна цевка во форма на елипса.

Опишан од експертите за маркетинг во Renault, како достапен високо перформансен автомобил, Twingo RS ќе има можност да ја освојува публиката на салонот во Женева кога официјално ќе биде претставен и кога во целост ќе се знаат податоците за неговите перформанси и секако цена.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook