kia-ceed-1-2012-1
Kia го открива новиот Cee`d

По првиот официјален фотос од минатата седмица Kia целосно го открива својот нов играч во компактната класа

 
Get Adobe Flash player
Револуционерен мотор работи во Opel Insignia
28.05.2008
opel-insignia-2.jpgСтанува збор за бензински мотор, но ниту од далеку не е мотор каков што ние го познаваме, а Insignia е првиот модел на Opel кој храбро ќе го понесе овој револуционерен агрегат.

Технологијата врз која е поставен моторот е HCCI Homogenous Charge Compression Ignition и начинот на кој функционира веќе пишувавме. Експертите во General Motors веќе десет години работата на нејзиниот развој и уверуваат дека системот функционира беспрекорно.

На кусо за што станува збор. Мотор кој ја комбинира економичноста на дизел со карактерот на бензинец што значи лесно вртење на високи вртежи и мирна работа.

Имено бензинските мотори користат свеќички за да ја запалат смешата на бензин и воздух во цилиндрите, а дизелите работат на принцип на самозапалување. Односно го компримираат воздухот додека не постигне висока температура доволно за да го запали горивото по неговото вбризгување во цилиндерот.

HCCI ги меша двете работи во една. Системот враќа дел од издувните гасови во цилиндерот кои ја загреваат смешата од бензин и воздух до температура на која под компресија доаѓа до самозапалување исто како кај дизелите.

Процесот се одвива кога педалот за гас е притиснат до половина и бројот на вртежи на моторот не надминува 3.000 врт/мин. Што спорeд развојните инженери на General Motors се типични услови кога се вози во град и тогаш овој мотор троши 15 проценти помалку гориво.

Но, кога возачот сака нагло да забрза или вози со поголема брзина и кога моторот се врти на повисоки вртежи тогаш функционира како обичен бензинец кај кого смешата се запалува со свеќичка.

Прототипите врз кои се експериментирало до сега покажале висок степен на издржливост и доверливост што го охрабри раководството на Opel да го вградува во својот нов модел.

Се очекува моторот HCCI да се нуди во Insignia некаде од првата половина на 2009.

 

 

 

Facebook