Get Adobe Flash player
Rinspeed sQuba концепт
18.12.2007
rinspeed-squba-soncept-1.jpgЗарем вакво нешто не сме гледале на филм? Секако дека сме гледале. Неможе да се заборави нуркачкиот Lotus Esprit на славниот таен агент Џејмс Бонд 007 од филмот Шпијунот што ме сакаше”.

Иако супер финта, идејата за создавање на нуркачки автомобил како да го напушти светот на крајот од седумдесетите години од минатиот век. Сепак, после точно три децении во заборав швајцарската мануфактура на ексклузивни автомобили Rinspeed ја возобнови идејата. Автомобилот се нарекува sQuba концепт и ќе биде претставен на претстојниот салон во Женева во март 2008.

Именуван како првиот реалне автомобил на светот што може да нурка, концептот sQuba е конструиран самостојно да се претвори во амфибија на притискање на копче и да нурне до длабочина од 10 метри.

Концепто го задвижува електро мотор кој ги задвижува задните тркала. Движењето низ вода го овозможуваат два пропелери на крмата и две моќни млазници, како кај скутерите за на вода, на прамецот. Каросеријата е изработена од материјал од карбонски нано цевки и  поседува вграден систем за снабдување со воздух. Сето ова укажува дека концептот како и повеќето досега претставени од Rinspeed ќе остане уникатен примерок.

Но, никој неможе да не спречи да сонуваме еден ден ова возило да се најде во сериско производство нели?

rinspeed-squba-soncept-2.jpg

 

 

 

Facebook