Сеуште сонувате до нурнете во вода со вашиот Lotus во стил на
Џејмс Бонд и да се впуштите во најголемата авантура која
досега сте ја гледале само на филмско платно?
Сонот конечно стана јаве. Од првичната приказна за
плановите за нуркачки автомобил на Rinspeed не мина долго време
и sQuba е подготвен за на улица и за во вода, а ќе ја доживее
својата светска премиера на салонот во Женева.
Не само што е единствениот автомобил на планетата што
може да вози и да нурка, sQuba е и еден ZEV Zero
Emission Vehicle кој подеднакво се грижи и за воздухот и за водата и може
да ве однесе до далбочина од 10 метри.
Задолжена за подводните активности на sQuba беше
швајцарската фирма Esoro. Нивните инженери заедно со оние од Rinspeed прво што
мораа да направат е да го направат автомобилот, кој почива на шасија од Lotus, да биде
независен од воздух. Тоа значеше дека моторот со внатрешно согорување отпаѓа.
Место него беа ставени електро мотори.
Втората голема задача беше изолирање на електриката.
Знаеме дека миксот на електрика и вода не дава успешна комбинација, па затоа sQuba доби
соодветна заштита која и овозможува безгрижно патување низ морските длабочини и
покрај тоа што отворената кабина е целосно поплавена под вода.
Движечката сила доаѓа од литиум-јонски батерии, а филмот
за тајниот агент 007 го потполнува ротирачка регистерска табличка. Под вода
автомобилот го задвижуваат две млазници производ на фирмата SeaBob сместени од
страна кај предните крила, а онаму каде на класичниот автомобил стојат двете
издувни цевки има две елиси.
sQuba го задвижуваат три електромотори два за под вода и еден
за на пат. Бидејќи кабината е отворена, возачот и совозачот дишат компримиран
воздух како вистинските нуркачи, а отворениот кров има двојна намена. Тој не е
тука само за возење со ветар во коси и за директна врска со морето, туку треба
да обезбеди лесно напуштање на автомобилот додека е во вода во случај на
незгода.
Доколку сте од оние што сонуваат и имаат доволно за да си
дозволат една ваква играчка тогаш контактирајте со Rinspeed и заминете
во истражување на природните убавини на земја и под вода.
|