Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Roewe претставува нов модел
23.04.2010

Кинескиот производител на автомобили од SAIC Shanghai Automotive Industry Corporation кој го купи европскиот MG Rover претставува нов седан Roewe 350 кој би требало да пристигне и во Европа.

roewe-350-2010-1

По позитивните критики за моделот MG6 кого SAIC го претстави и за во Европа, производителот се одлучи за уште еден модел кого во Европа најверојатно ќе го испрати под името MG3.

Различното именување на моделите на SAIC, MG – Morris Garages за во Европа и Roewe за во Кина е долг на неможноста на кинескиот производител со купувањето на компанијата да ги добие и правата за користење на името Rover.

Причината лежи во член од договорот меѓу Ford и BMW. Имено при продавањето на MG Rover на BMW, Ford инситирал да ги задржи правата над името Rover на што BMW се согласил бидејќи ги имал истите права.

Но, откако BMW го продаде MG Rover на SAIC, Ford забрани кинескиот производител да го користи името Rover. Поради ова SAIC одлучи да го користи името Roewe.

А сега да се вратиме на Roewe 350. Моделот има меѓуоскино растојание од 2.650 mm и ќе биде задвижуван од 1.5 литарски атмосферски бензинец кој снагата до предните тркала ќе ја испраќа преку пет степен мануелен менувач или четири степен автоматик.

Бензинецот од 1.5 литри со варијабилно управување на вентилите ќе ослободува околу 115 КС овозможувајќи забрзување до 100 km/h за околу 12,5 секунди и просечна потрошувачка од 5,9 L/100 km.

Моторот ќе се нуди и во турбо варијанта која веќе работи во лабораториите на SAIC, но ќе пристигне подоцна. Турбо бензинецот од 1.6 литри би требало да остварува околу 140 КС и да понуди подобри перформанси.

Roewe во 350 ќе понуди нов DVD мултимедијално информативен систем кој ќе го користи оперативниот систем Google Android и ќе нуди пристап на интернет.

Моделот треба да дебитира на салонот во Пекинг и ќе се произведува во фабриката на SAIC во Нанјинг. Продажбата треба да стартува на лето по цена од 11.000 долари. Во Европа би пристигнал в година.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook