|
18.04.2007 |
На Салонот во Шангај марката Roewe, поранешен Rover, го прикажа
концептот W2 развиен на комплетно нова платформа, независна од старите
модели на англиската куќа.
Во хиерархијата на марката, W2 ќе биде позициониран под 750Е, односно поранешниот Rover 75. Компактната
лимузина се одликува со спортска линија.
Динамиката во страничниот дизајн ја
даваат изразените прагови и линијата на покривот што се спушта како кај купе. Во
внатрешноста W2 останува верен на британската школа на производство на автомобили и
прикажува игра од темни и светли површини, облагородени со апликации од дрво.
Во средишната конзола е големиот монитор во боја. За заштеда на тежина,
основата на седиштата е изработена од магнезиумска легура. Кинезите не ги откриваат
детаљите околу погонската механика на лимузината. Но, затоа со гордост тврдат
дека лимузината ќе ги задоволи критериумите на EuroNCAP краш-тестот за да го псотигне максимумот
од пет звездички.
|