Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Rolls-Royce слави еден век од Silver Ghost
31.05.2007
rollsroycesgНајголемиот собир на Rolls-Royce Silver Ghost на сите времиња се случи пред фабриката во Гудвуд, за да означи еден век откако првиот Silver Ghost ги напушти производните хали во 1907 година.

Преку 60 класични автомобили произведени меѓу 1907 и 1926 година се наредија пред стартот на 17 дневна славеничка тура во должина од 3.200 километри.

Овој настан воедно го означува пробното возење кое трае 100 години. Со што се потврдува угледот на Rolls-Royce Silver Ghost од 1907 година, како најдобар автомобил на светот.

Турата е организирана од клубот 20-Ghost, кој се занимава со реставрација, одржување и употреба на автомобилите на Rolls-Royce произведени пред 1945 година.Членовите на клубот ги донесоа своите автомобили од САД, Австралија, Нов Зеланд, Сингапур, Јужна Африка и Индија. Собраните автомобили ги претставуваат најдобрите примероци од своја врста.

Во чест на прославата Rolls-Royce претстави две нови верзии. Лимитирана серија од 25, Rolls-Royce Phantom Silver, која во чест нa оригиналот од 1907 ќе биде обоена во нова уникатна метална боја Ghost Silver и ќе биде накитена со Spirit of Ecstasy – статуетката која е заштитен знак на марката – изработена во чисто сребро.

Вториот автомобил со кој се слави 100 годишнината е неодамна претставениот Phantom Drophead Coupé. Овој спектакуларен кабриолет со четири седишта ги фасцинира луѓето од цел свет. Пред се купувачите кои успеаја да ја освојат целата продукција за 2007 и 2008 година. Патем производството сеуште не е почнато. Се очекува вработените да кинисаат во склопување за еден месец.

Но, не грижете се. Луѓето одговорни за продажба во Rolls-Royce ни шепнаа во доверба дека останале уште неколку непополнети места од продукцијата од 2008 година. Затоа кој милува нека побрза.

rollsroycedcfrollsroycedc

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook