|
Американскиот специјалист Roush кој својата експертиза ја насочил кон масивно подигнување на снагата на моторите на Ford сега нуди едно ново видување на најновото издание на легендарниот Mustang.

Roush иако пред се е познат како специјалист за мотори нуди и други доработки на моделите на Ford како подобрување на подвозјето, сопирачките, управувањето, визуелниот настaп и слично.
Сепак, без оглед на широкиот спектар на делување Mustang му е омиленото чедо и затоа најчесто си поигруваат со него и секогаш во суперлатив. Најновата играчка е така наречениот ROUSHcharger kit за 5.0 литарскиот V8 на Mustang.
Овој кит вклучува механички компресор кој пумпа со 0.5 bar, нови бризглаки кои го вбризгуваат горивото со притисок од 3.25 bar, водови со поголем пречник и зголемен проток кои го спроведуваат горивото до бризгалките, филтер за воздух со зголемен проток и двоен вшмукувачки тракт со дијаметар од 60 mm.
Сето ова е доволно снагата од сериските 412 КС на 5.0 литарецот да се зголемат на 550 КС, а вртежниот момент од 528 Nm на масивни 637 Nm. Цената на полниот кит изнесува 5.999 долари.
Китот во најдобрата американска традиција може да се нарача и по пошта со инструкции за самовградување. Меѓуота во цената не влегува дополнително ремапирање на ЕCU и поддесување на останатите параметри на моторот.
Згора Rоush дава гаранција на китот од само 90 дена, а со негово вградување се нарушува и престанува фабричката гаранција на Ford. Китот може да се вгради во секој Mustang GT или Mustang GT550.
Сопственикот на компанијата Џеф Рауш најавува дека без оглед на снагата на серискиот Mustang GT и Mustang GT550 новиот кит ROUSHcharger е убиствен, а неговите инженери успеале да остварат моќност која остава без зборови.
Воедно тој најавува дека се работи на подобрување на китот кој ќе ја заслужи полната гаранција на Ford
Како против одговор на специјалниот кит на Roush спортската дивизија на Ford, Ford Racing исто така подготвува кит со механички компресор за Mustang GT и GT550 кој треба да ја надмине моќта на Roush, но затоа ќе чини 6.499 долари.
|