|
16.05.2007 |
Првиот нов модел кој ќе се воздигне од пепелта што остана
од Rover, ќе го носи знакот на SsangYong и ќе се
нуди на европскиот пазар преку дилерите на корејската марка.
Кинеската компанија SIAC која го
купи Rover минатата година и воедно е сопственик на SsangYong, ќе ја
користи веќе распространетата дилерска мрежа на својата корејска ќерка за да го
продава компактот Roewe W2.
Дилерите на SasangYong ќе ја спроведуваат офанзивата на SAIC во Европа,
додека кинеската компанија не постави целосна мрежа на дилери на Roewe во 2010
година.
Наменските салони ќе ја нудат целата програма на Roewe, од
рестилизираните 25 и 75 до замената за 45, моделот W2 за кого се
очекува да биде бестселер.
Прикажан на јавноста на салонот во Шангај, W2 е развиен од
инженерите на MG и е поставен на скратена платформа на Rover
75.
 
|