|
28.08.2007 |
Сопственикот на рускиот производител на автомобили GAZ,
милијардерот Олег Дерипаска, купил 5 проценти од акциите во General
Motors.
Дерипаска е вториот најбогат човек во Русија. Неговото
богатство се проценува на 16,8 милијарди долари, а последната зделка го чинела
нешто повеќе од 900 милиони долари.
Дерипаска нема намера да го зголемува уделот во
соственичката структура на GM и останува на сегашните 5 проценти.
Во мај годинава компанијата на Дерипаска инвестирала 1,54
милијарди долари вo австрискиот гигант Magna.
Гласините дека Дерипаска размислува да ги купи Jaguar и Land
Rover од Ford сепак се невистинити. Рускиот милијардер беше дециден
кога изјави дека луксузните марки не се негово поле на интерес бидејќи не носат
доволно профит.
|