Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Руски суперспортист ќе се произведува сериски
18.12.2008
marussia-2010-1.jpgСе чини дека на чудата им нема крај. За Русите светската криза како да неважи. Тие си тераат по свое и за првпат на светот му претставија спортски автомобил кој ќе се произведува сериски.

Автомобилот го носи името Marussia официјално беше претставен во Москва, а во неговиот развој учествувал поранешниот руски тркач и шампион во Шампионатот N-GT на FIA, Николај Фоменко. Тој денес е еден од најголемите шоумени во Русија.

Најголемата иновација што ќе се примени при создавањето на Мarussia e начинот на градба на автомобилот. Инженерите се сетиле дека можат да го упростат технолошкиот процес позајмувајќи идеи од производителите на мобилни телефони.

Кај Marussia панелите на каросеријата кои се изработени од композитни материјали ќе можат да се менуваат исто како што се менуваат маските на мобилните телефони.

Шасијата на Marussia е алуминиумски монокок создаден како просторна рамка на која се поставени панелите од карбон-фибер кои по желба на купувачот можат да се добијат во повеќе бои, а пребирливите ќе можат да си нацртаат и сопствен дизајн и ќе добијат уникатен автомобил.

Настапот на Мarussia не е само визуелен. Централно поставен во шасијата ќе работи бензински V6 со зафатнина од 3.5 литри кого го испорачува Nissan и кој во зависност од спецификацијата на задната оска ќе испорачува од 240 КС до 290 КС.

Marussia ќе спринтува до 100 km/h за околу 5 секунди и ќе достигнува максимална брзина од преку 250 km/h. За доброто лежење на пат ќе се грижи независното потпирање и напред и назад со косо поставени амортизери и пружини. Тежината не преминува 950 kg.

Високата технологија е задржана и кога е во прашање опремата на автомобилот. Marussia ќе биде опремена со високо квалитетен аудио систем чии добавувач сеуште не се открива, три LCD монитори, три камери од кои едната постојано ќе го набљудува автомобилот во случај некој да се обиде да го украде.

Понатаму обезбедува Yota мрежа со 10 Mbps трансфер на податоци при брзина на возилото до 120 km/h, Bluetooth, GPS, хард диск од 320 GВ.

Во план е производство на plug-in хибридна верзија на Marussia. Конструкторите веќе работат на батерии со нова нанотехнологија која ќе овозможи подолг век и поголем капацитет на батериите, но исто така ќе ги направи отпорни на надворешни влијанија како што е екстремен студ карактеристичен за Русија и екстремни жештини карактеристични за арапските земји од каде и се очекува да пристигнат најголемиот број на купувачи.

Marussia треба да стартува со производство кон крајот на 2009. За таа цел веќе се земени под наем две хали од производителот ZIL во Москва.

Нарачките се примаат веднаш, а цената стартува од 100.000 долари.

Амбициозниот план на Фоменко во 2010 треба да резултира со тркачка верзија на Marussia која ќе се натпреварува во Шампионатот GT на FIA.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook