Get Adobe Flash player
Рускиот UAZ со нов Patriot
21.06.2010

За да може да држи чекор со обновената Lada Niva рускиот производител на тврдокорни теренци UAZ одлучи на пазарот да понуди модернизирана верзија на својот најпродаван теренец Patriot.

uaz-patriot-sport-2010-1

Освежениот модел ја носи наставката Sport во името, а модификацијата не се однесува само на стилски додатоци за да се постигне нов лик. Инженерите на UAZ овој пат се зафатиле со малку повеќе работа со цел да се понуди навистина нов модел кој ќе и конкурира на Lada Niva.

За таа цел платформата на Patriot е скусена за 36 cm. Помало е меѓуоскиното растојание и се скусени превесите напред и назад. На овој начин според инженерите се постигнати уште подобри карактеристики на терен со поголам агол на пристап и поголем агол на напуштање.

Според одговорните од UAZ, Patriot Sport е наменет за младите активни луѓе на кои не им е потребна грдосија од теренец, но сеуште имаат потреба од голема теренска проодност.

Скусувањето на платформата директно влијаело и на смалување на просторот на задната клупа и на багажникот. Но, сето ова е условно бидејќи багажникот нуди корисни 600 литри волумен, а на задната клупа сеуште можат да седат натпорсечно високи луѓе.

Под хаубата на Patriot Sport ќе работат два бензински мотори од гамата на UAZ. Тоа се старите познаници 2.7 литарецот со моќност од 128 КС и 2.3 литарецот со 112 КС. Дизелот не постои како опција бидејќи неговата употреба е невозможна за време на студените руски зими.

И двата мотори се врзани со пет степен мануелен менувач кој примарно снагата ја испраќа до задните тркала, а по потреба во погон се ставаат и предните. Patriot Sport може да се пофали и со блокада на диференцијал и со редуктор.

Patriot Sport е поевтин од конкурентската Lada Niva. Неговата цена изнесува 420.000 рубљи или 11.120 евра што е на ниво на основната верзија на Lada Niva.

 

 

 

Facebook