Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
S2000 оди во пензија
28.01.2009
honda-s2000-cr-1.jpgHonda официјално соопшти дека престанува со производство на својот родстер S2000. Тековната моделска година, 2009, е последна за S2000, а негов наследник не се планира.

Од Honda не ги наведуваат причините за ваквата одлука, но јасно е дека сето ова е долг на светската финансиска криза, поради која Honda се откажа и од Формула 1 .

Првиот родстер S2000 беше претставен во 1999 како подарок за прославата на 50 годишнината на Honda. Во 10 години производство S2000 е продаван во 64 држави ширум светот.

Продадени околу 110.000 примероци, а најголем пазар за спортскиот S2000 се Соединетите американски држави каде завршиле преку 65.000 примероци.

Вреди да се спомене дека ова не е првпат Honda да најави престанок на производството на S2000. Истото го стори пред неколку години, но се откажаа од ваквата идеја поради добрата продажба на родстерот.

Престанокот на производството на S2000 е дел од програмата на Honda за кратење на трошоци. Тие најавија дека го ставаат во мирување и проектот за наследник на NSX, за развој на нов V8 мотор и за развој на откриена верзија на купето CR-Z, кое сепак треба да го здогледа светлото на денот.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook