|
11.12.2007 |
Шведскиот производител подготвува нов модел кој треба да
ја завземе позицијата најмал во гамата. Компактниот автомобил ќе го носи името
9-1 и ќе се појави на пазарот во 2010.
Но, до неговото појавување пред светската јавност Saab одлучи да
не залаже концепт кој ќе се појави на салонот за автомобили во Лондон во јули
следната година.
Извршниот директор на Saab, Јан Аке
Џонсон го најави развојот на најмалиот модел во програмата кој ќе цели кон малите
премиум автомобили како што се BMW Серија 1 и Audi A3.
Се планира новиот хибриден погон што се подготвува за во Opel
Astra да се вградува и во Saab 9-1. Ваквиот податок го прави 9-1 да биде еден од најважните
модели на Saab пред се поради можноста за производство во голем
волумен.
9-1 ќе биде првиот глобален автомобил на Saab, а ќе биде
поставен на новата платформа наречена Delta. Производството ќе
се одвива во фабриката на Saab во Тролхатен, Шведска.
|