Get Adobe Flash player
Saab 9-4X уловен без маска
22.06.2010

Судбината на првиот SUV модел на Saab е извесна. Така говорат фотографиите и првичните информации за уловениот автомобил кој вози скоро без камуфлажа и чие тестирање се ноаѓа во завршна фаза.

saab-9-4x-2010-1

Ставен е крај на низата проблеми и одложувања. Дури одредена е и фабриката во која ќе се произведува Saab 9-X4 и подготовките на погоните се во тек. Станува збор за фабриката на General Motors во Мексико.

Saab го најави својот прв SUV на почетокот на 2008 на салонот во Детроит и истакна дека развојниот период треба да заврши до крајот на 2009 кога и ќе стартува производството. Но, очигледно работите не се одвиваат според планот.

Банкротот на General Motors, желбата на американскиот гигант да се ослободи до Saab, долгoто барање купувач и исто така долгите преговори со сегашниот сопственик Spyker си го направија своето.

Добро е што голготата заврши и проектот оди кон својата завршница со силно темпо. Очигледно е дека новиот сопственик брза да ги реализира сите започнати проекти. Saab 9-5 веќе се произведува, а нов приоритет е 9-4X.

Saab 9-4X е поставен на платформата на General Motors со кодна ознака Theta. Платформата ја користи луксузната марка на GM, Cadillac, поточно кросоверот Cadillac SRX. Тоа значи дека Saab 9-4X ќе биде прилично големо возило.

Без оглед на големината во Saab одлучиле 9-4X да не го нудат со седум места за седење, туку да понудат луксузно уредување, богатство од опрема и многу комфор за пет патници со цел да им се конкурира на BMW X5 и на Mercedes ML.

Типичниот дизајн на внатрешноста на Saab може да се забележи и кај 9-4X, но интересно е што моделот го користи воланот што го користи и Opel за Insignia и за Astra, а на него се забележува дури и молњата на германскиот производител.

Под хаубата на Saab 9-4X на почеток ќе работат два турбо бензинци и двата познати од Opel. Станува збор за 2.0 литарски турбо четирицилиндарец и за 2.8 литарскиот турбо V6 кои исто така работат во Insignia.

Меѓутоа ништо од дизелската понуда на Opel нема да брмчи во 9-4X. Дизелот ќе дојде подоцна и него ќе го испорачува италијанскиот специјалист за дизели VM Motori. Моторот ќе располага со зафатнина од 2.9 литри распоредени во 4 цилиндри.

Производството на Saab 9-4X треба да стартува во најскоро време, а продажбата би требало да се реализира до крајот на годината.

 

 

 

Facebook