Станува збор за комплетно нов кросовер на Saab кој е многу
близу до сериско производство и кој би требало да биде претставен на светската
јавност во 2009 кога ќе стартува и продажбата.
И повторно станува збор за информации кои протекле, а биле
доставени до некој „доверлив” соработник. Интересно е што 9-4х ќе се нуди
исклучиво со BioPower мотор кој од зафатнина од 2.0 литри ќе остварува
импресивни 300 коњски сили и максимален вртежен момент од 400 Nm кога како
гориво ќе се користи Е85.
Истиот мотор при работа со обичен безоловен бензин има
драстичен пад во испорачувањето на снагата. Тогаш 2.0 литарецот ќе остварува
245 коњски сили и вртежен момент од 353 Nm. Многу
помалку отколку со Е85, но остварувањата се сеуште прилично високи за еден
дволитарец.
Снагата се пренесува на сите четири тркала преку шест
степен менувач и систем со електронски контролиран самоблокирачки диференцијал
дело на Haldex. 9-4х ќе спринтира до 100 km/h за помалку
од 8 секунди и ќе продолжи да забрзува се до максималните 235 km/h.
За сопирање се грижат вентилирачки дискови со пречник од
378 милиметри. Дисковите ги сокриваат леснометални бандажи од 21 инчи обуени во
гуми 245/55.
Saab во своите материјали ја нагласува ниската емисија на СО2
која кај 9-4х изнесува 252 g/km при користење на бензин, а со користење на Е85 ќе биде
значително пониска, но тие бројки сеуште се држат во тајност. Просечната
потрошовачка би била околу 10,5 литри на 100 километри.
9-4х ќе се произведува во фабриката на GM во Мексико
поради пониската вредност на доларот, што на швеѓаните ќе им заштеди многу
пари, но и поради тоа што САД се очекува да бидат најголемиот пазар за новиот
кросовер.
 
  
|