Get Adobe Flash player
Saab 9-5 протечена информација
24.07.2009
saab-9-5-2010-1.jpgКонечно, или, би рекле шуќур. На повидок е Saab 9-5 нова генерација! Многумина и не би поверувале во информацијата посебно ако се знае дека актуелниот модел со мали измени датира од 1997.

Светот како да се откажа од Saab, посебно од наследник на знаменосецот на марката серијата 9-5. Иако минатата година беше најавен фејслифт на моделот тоа не се случи и работата остана да лебди во воздух.

Сега во предвечерјето на салонот во Франкфурт, Saab се подгтовува забрзано за на светот да му го претстави новиот 9-5. Секако од Saab сеуште неможе да се добие потврда, но факт е дека нов 9-5 е на повидок.

Фотографиите кои протекле од одделот за продажба на компанијата без оглед на малата резолуција го прикажуваат 9-5 во целост, а на нив им се придружуваат и неколку детали за големиот седан на Saab.

Она што се забележува на прв поглед е вкомпонирувањето на дизајнерските елементи од минатото кои го претставуваа карактерот на Saab во еден модерен и динамичен автомобил.

Во дизајнот на арматурата повторно може да се препозне кокпит на авион, дури авионските детали можат да се препознаат и кај иснтрументите.

Saab 9-5 е поставен на модификуваната платформа на General Motors со кодно име Epsilon II која ја користи и Opel Insignia. Но, користењето на платформата не било доволно за инженерите на Saab.

Сепак, се работи за премиум производ кој треба да се разликува од големо серискиот брат. Затоа направени се измени на платформата со цел да се постигне да се почувствуваат карактеристиките на еден скап автомобил.

Меѓуоскиното растојание изнесува 2,84 m тоа се цели 10,3 cm повеќе во однос на Insignia. Saab 9-5 е растегнат на должина од малку повеќе од 5 метри, мерка која воопшто не е за потценување и јасно говори за припадноста на автомобилот.

Подвозјето на 9-5 е постегнато во однос на Insignia, поставен е комплетно нов систем за управување кој ќе го подобри чувството зад волан и ќе обезбеди уште поголема прецизност, а вградени се и поинакви електронски системи кои се однесуваат на безбедноста, но и на комфорот и уживањето во патувањето.

Бидејќи е поставен на платформата на Insignia се очекува дека ќе носи и дел од моторната понуда на најпоскауваниот Opel на денешнината. Сепак, оставен е простор и за користење на изворни мотори на Saab.

Најскапата и најопремена верзија на 9-5 ќе ја задвижува 3.6 литарски V6 турбо бензинец кој на предната оска ќе испорачува преку 350 КС. Интересно е што во приказната за 9-5 се спомнува и хибридна верзија.

Нешто што се граничи со авангарда кога е во прашање конзервативниот Saab.

 

 

 

 

Facebook