Get Adobe Flash player
Saab 96 Custom од 1968
19.02.2010

Компанијата за дизајн Vizualtech од Шведска специјализирана за конструкција на виртуелни 3D модели на автомобили и пловила прикажа повеќе фотографии од модерната верзија на еден шведски класик.

saab-96-custom-2010-1

Станува збор за кастомизирана верзија на класичниот автомобил Saab 96 од 1968 година која благодарение на дизајнерите на Vizualtech е претворена во напумпан спортист. Особина која ниту од далеку неможе да се поврзе со оригиналот.

Ова не е прва креација на Vizualtech на тема модерен класик. Минатата година голем хит на компанијата беше нивното видување на Volvo P1800 создаден според идеите на Бо Золанд.

Модерната верзија на класичниот Saab 96 е изградена околу просторна рамка од челични цевки во која е поставен моќен V8 кој благодарение на турбо полначот истискува 600 КС.

За справување со големата снага кастомизираниот тркач носи спортска суспензија, моќен систем за сопирање составен од самовентилирачки дискови напред и назад и повеќеклипни сопирачки клешти.

Зад приказната на Saab 96 Custom стои големиот вљубеник во автомобилите на шведскиот производител, Пер Стромквист, кој инспириран од идејата на Бо Золанд ја направи специјалната нарачка во Vizualtech.

Сеуште нема прецизни детали за автомобилот, ниту пак се спомнува евентуално производство. Секако поголема продукција на тема Saab 96 Custom не треба ниту да се очекува.

Станува збор за уникат кој ќе го здогледа светлото на денот доколку се склопи финансиската конструкција на нарачателот Стромквист.

 

 

 

Facebook