Банкротираниот General
Motors конечно одлучи да го продаде Saab кој
постојано губи пари. Купувачот е исто така од Шведска и е производител на едни
од најбрзите и најскапите спортски автомобили на светот.
Погодувате станува збор за Koenigsegg. Изгледа
прилично неверојатно што компанија со 45 вработени ќе купи автомобилски џин со
3.400 вработени. Купувањето на Saab ќе чини 600 милиони долари финансирани од Европската Инвестициска Банка
зад кои како гарант стои Шведската влада.
Се очекува финализирањето на продажбата на Saab да
биде финализирано кон крајот на третиот квартал на годината. Други услови или
детали околу целата процедура сеуште не се објавуваат.
Дека преговорите продолжуваат докажува потпишувањето на
договор за взаемно разбирање меѓу General
Motors и Koenigsegg. Каде стои и дека Koenigsegg ќе мора да отвори нова компанија со цел да се иcползуваат законските
регулативи во Шведска.
Според првичните информации распределбата на акциите на Saab ќе стои
отприлика вака: 23,4% од акциите на Saab одат кај основачот на Koenigsegg,
Кристијан фон Конисег, 42,6% од акциите ќе добие неговата
компанија Aplaaz
AB, 11,8% одат кај норвешката инвестициска фирма Eker Group, а останатите 22,2% од кациите на Saab одат кај лицето Марк Бишоп од Сан Диего, САД.
Постојат гласини дека до финализирањето на купопродажниот
договор, зделката околу Saab ќе привлече уште инвеститори кои ќе овозможат развој на нови модели и
зголемување на производството со цел оживување на марката.
Воедно зделката ќе му помогне на Koenigsegg да земе на заем од Saab технологија за развој на модели кои ќе се произведуваат помасовно и ќе
чинат помалку, бидејќи во моментот во нивната програма нема автомобил поевтин
од 1 милион евра.
|