Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Saab повторно произведува
23.03.2010

Шведскиот производител на автомобили ги рестартуваше своите погони во Тролхатан и првиот автомобил произведен под капата на новиот сопственик Spyker вчера се симна од производните ленти.

saab-2020-1

Производството на Saab беше сопрено во текот на седум седмици додека траеа преговорите меѓу Spyker и General Motors, период во кој се кроеше судбината на Saab.

Но, сега се тече како што треба и првиот Saab од новата ера се симна од производните ленти. Според шефот на Saab, Јан Аке Џонсон рестаротот на производството означува нова историја за шведскиот производител.

„Ние веќе функционираме како независен производител без оглед што сега имаме нов соственик,” истакнува Џонсон.

За соодветно да се обележи стартот на новата ера во Saab извршниот директор и сопственик на Spyker Cars, Виктор Мулер и директорот на фабриката во Тролхатан Гунар Бруниус присуствуваа на чинот кога првиот автомобил од новото производство се симнува од производната лента.

Станува збор за модел од новата генерација Saab 9-5 којшто ќе се произведе во мала серија, која пак, ќе се користи за тестирање пред да стартува сериското производство кон средина на годината.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook