Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Saab сепак ќе биде кинески
28.12.2011

Можеби General Motors не даде одобрение за продажба на неговите технологии што ги користеше Saab на кинеските компании, но кинезите не се откажаа и сепак, ќе произведуваат модел на Saab.

saab-phoenix-2-2011-2

Кинеската компанија Youngman, поточно Zhejiang Youngman Lotus Automobile Co., како што гласи нејзиното полно име одлучи да не го купува целосно Saab, а сепак да произведува модели на шведскиот производител.

Станува збор за моделот создаден според сопствена технологија на Saab која нема допирни точки со технологиите на General Motors, па така американскиот гигант неможе да ја попречи продажбата.

Моделот погодувате е концептот PhoeniX прикажан годинава на салонот во Женева. За да почне со негов развој од концепт до автомобил спремен за сериско производство кинескиот производител регистрирал фирма во Шведска.

Претставникот на Zhejiang, Рејчел Панг, ги потврди наводите дека компанијата основала своја сестринска фирма која ќе произведува модели на платформата на PhoeniX.

Продажбата на PhoeniX не е доволна за да се спаси Saab од банкрот, но ќе покрие дел од средствата кои ќе му помогнат на сопственикот Виктор Мулер да раздолжи еден дел од долговите.

 

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook