Get Adobe Flash player

Saab слави 30 години турбо
21.08.2007
saab-black-editionШведската марка следниот месец на салонот во Франкфурт слави 30 годишнина од својот прв мотор со турбо. За таа цел ќе биде претставен моделот Turbo X произведен во лимитирана серија.

Компанијата сеуште молчи кој модел од сегашната понуда ќе биде надуван доволно за да понуди бесни перформанси.

Се претпоставува дека тоа ќе биде неодамна разубавениот 9-3 V6 Aero со многу поголема моќност од стандардната изведба и убави 247 коњи кои на подлогата ќе се пренесуваат преку новиот асиметричен погон на четири тркала (објаснет под насловот Haldex XWD систем во Saab од 17.07.2007 во рубриката Техника).

Saab истакна дека и новиот модел ќе ја носи убавината на андерстејтментот, гордост на претходните модели 99 и 900 Black Turbo.

Се очекува Turbo X да биде обоен во сјајна црна боја со дискретен аеродинамичен кит, кој на автомобилот ќе му даде лут изглед поддржан од техничките подобрувања и високите перформанси.

Доколку некогаш сте сонувале за Saab од 300 коњски сили со интелегентен погон на четири тркала сега имате можност сонот да го претворите во јаве.

saab-30-turbo-x

 
Get Adobe Flash player