|
По најавата на почетокот од годината Suzuki конечно одлучи да го понуди својот нов седан Kizashi и во Европа. Но, за жал во него ќе можат да уживаат само купувачите во Германија.

Од Suzuki официјално потврдуваат дека Kizashi ќе се нуди само на германскиот пазар. Во одлуката на раководството на јапонскиот производител има логика бидејќи Германија е најголемиот пазар за Suzuki во Европа и воедно е најголемиот пазар во Европа.
За сега во понудата ќе стои само една моделска изведба на Kizashi која е задвижувана од атмосферскиот бензинец од 2.4 литри со варијабилно управување на вентилите VVT.
Моторот остварува 178 КС при 6.500 врт/мин и максимален вртежен момент од 230 Nm при 4.000 врт/мин. Снагата до сите четири тркала се пренесува преку менувач со континуиран варијабилен пренос CVT со можност за мануелно менување на степените преку палки зад волан.
Системот за погон на четири тркала наречен i-AWD го пренесува вртежниот момент на предна/задна оска 50:50, нуди забрзување до 100 km/h за 8,5 секунди и во просек троши 8,3 L/100 km. Kizashi се нуди и со погон напред кој исто така користи континуиран варијабилен пренос CVT и троши 7,9 L/100 km.
Kizashi на германскиот пазар ќе се нуди со исклучително богато ниво на опременост, вклучувајќи и кожен ентериер, автоматски клима уред, па дури и мултимедијален систем со сателитска навигација.
Ова важи за поскапата веризија со погон на четири тркала, додека верзијата со погон напред ќе нуди пониско ниво на опременост. Сето ова звучи примамливо, но за комплетирање на филмот треба да се знае и цената за која во Suzuki сеуште молчат.
|