Get Adobe Flash player
Саудиска Арабија ќе прави теренци
18.06.2010

И Саудиска Арабија сака да се запише во мапата на автомобилската индустрија како производител на автомобили и тоа не било какви туку расни теренци кои ќе се носат со суровите пустински терени.

saud-gazal-1-2010-1

Тврдокорниот теренец чив концепт беше прикажан на салонот во Женева без помпи е создаден од студентите на државниот универзитет на Саудски Арабија, Крал Сауд и ќе го носи името Saud Gazal 1.

Saud Gazal 1 е поставен на основата на Mercedes G Класа, што значи дека ја носи истата шасија, подвозје, мотори, менувач со редуктор и диференцијали со блокада, а во неговото создавање на помош пристигнале и експертите од Magna Steyr каде што сеуште рачно се произедува G Класа и дизајнерите од Studio Torino кои ќе се потпишат под финалниот дизајн.

Бидејќи првенствено е наменет за возење по пространите пустинcки предели на Арабија, Saud Gazal 1 ќе има поширока трага од G Класа, но и останатите технички карактеристики ќе бидат прилагодени за возење низ пустина.

Заради високите температури кои владеат на Блискиот Исток, Saud Gazal 1 ќе има подобра термичка изолација на кабината, помоќен клима уред и систем за ладење на моторот со поголем капацитет и помоќни вентилатори.

Така клиентите на Блискиот Исток за кои првенствено е наменет Saud Gazal 1 ќе можат безгиржно да се возат по патиштата, беспаќата, но и низ своите метрополи со широки булевари каде огромниот теренец ќе биде на свој на своето.

Дека проектот не е само играње весела математика и желба на поединци кажува фактот за направената првична проценка за старт на производството за што се потребни околу 500 милиони долари.

Планот е да се произведуваат околу 20.000 примероци годишно, а како партнери се наведуваат индустриските гиганти како Motorola, Mercedes и Magna Canada. Саудијците истакнуваат дека околу 90% од инженерингот и околу 60% од производството паѓа на нивни грб.

Интересно е што производството на автомобили е новоусвоена национална стратегија на Саудиска Арабија која за сега е најголемиот извозник на сурова нафта на светот, но со празнање на басените нафта тие полека почнуваат да ја преориентираат својата индустрија.

 

 

 

Facebook