Get Adobe Flash player
Savage Rivale Roadyacht GTS
29.05.2009
savage-roadyacht-1.jpgВо светот на автомобилите пристигнува нова егзотика во која е уживаат ретките одбрани кои немаат проблем да ја завлечат раката длабоко во џебовите и да си дозволат едно вакво задоволство.

Станува збор за нов супер спортски автомобил дело на холанѓаните Џастин де Боер и Емил Поп кои стојат зад компанијата Bewerp. Отворениот спортист прв пат и беше претставен на светската јавност на шоуто Top Marques во Монако, а за него голем интерес пројави и принцот Алберт.

Автомобилот кој носи полно име Bewerp Savage Revale Roadyacht GTS во моментов е уникат кој очекува наскоро да стартува производството и да добие свои законски наследници.

Концептот на Roadyacht е купе-кабриолет и се гордее со фактот дека е единствениот отворен автомобил на светот со цврст склоплив кров кој има четири врати.

Тој како и многумина други проекти од ваков тип ја користи механиката на С6 Corvette. Моторот, централниот тунел низ кого минува карданското вратило, склопот менувач диференцијал по принцип трансексл и суспензијата се поставени на просторна рамка од цевки од легиран челик врз која се зашрафени панелите на каросеријата и кровот  изработени од карбон-фибер и алуминиум.

Од Bewerp, одлучиле моторот на Corvette LS7 V8 да го навијат со вградување на механички компресор и ремапирање на ECU, поради што Roadyacht може да се перчи со моќни 670 КС при 6.200 врт/мин и мрсен вртежен момент од максимални 730 Nm при 4.800 врт/мин.

Снагата на моторот е доволна за да ги катапултира четирите патника во Savage Roadyacht до 100 km/h за 3,4 секунди и да им овозможи лудо возење со максимална брзина од 330 km/h.

Savage Roadyacht привлекува со технологијата која се сокрива во него, но дефинитивно она што лепи за око на прв поглед е оригиналниот дизајн и концепцијата.

Отворен или затворен Savage мами. Затоа веруваме дека цената од 340.000 долари воопшто нема да пречка за одбраните да уживаат во чарите што ги нуди Savage Roadyacht.

 

 

 

 

Facebook