|
18.04.2007 |
Британската полиција не носи оружје, но кога станува збор
за возен парк не победува и нас. Eден Ferrari 612 Scaglietti осамна
нашаран со полициски бои. Но, не станува збор за запленет модел.
Нивните Vauxhall Vectra можеби не можат да се мерат со нашите
Chrysler Stratos, но Скотланд Јард постојано добива клучеви од егзотични
автомобили на кои може да им позавиди и богат колекционер.
Тоа што вози на британските патишта е специјално
подготвен Ferrari 612 Scaglietti кој треба да го предводи конвојот за прослава
на 60 годишнината на Ferrari. Конвојот е дел од славеничката тура на Ferrari која
стартуваше во Абу Даби на 29 јануари и пропатува низ Блиски и Далечен Исток,
Австралија, Јужна Африка, Јужна и Северна Америка и низ цела Европа. Целта е во
Маранело на 23 јуни.
Scaglietti ќе го возат полицајци од пет регии.
Претпоставуваме дека познатите „Боби” ќе ги вратат клучевите на крај од
настанот. Бидејќи во случајов, малку е веројатно дека дилерот на Ferrari за
Британија би имал на кого да пријави дека автомобилот е украден.
Што се однесува пак до љубителите на брзо возење, би им
препорачале да се воздржат неколку дена. Тешко дека ќе успеат да му побегнат на
еден Ferrari 612 Scaglietti со лут „Боби” зад воланот.

|