|
01.10.2007 |
Уште не претставен новиот Scirocco добива и
отворена верзија. VW не престанува да изненадува, а се
претпоставува дека кабриолетот ќе пристигне една година по купето.
Делејќи ја платформата со Eos новиот
модел на VW најверојатно од регуларно купе ќе биде претворен во
верзија купе-кабриолет толку популарна меѓу купувачите и практична.
Со преправањето на купето се надеваме дека автомобилот ќе
го задржи својот дизајн и нема да се претвори во некаков лимен квазимодо со грпка
одзади.
Оригиналниот Scirocco никогаш не добил
кабриолет верзија, но VW не смее да остане глув на современите текови и
тврдокорно да се држи до историјата доколку сака овој модел да успее на
пазарот.
|