|
Ловците на автомобили успеале на патеката во Нирбургринг да го фотографираат новиот проект на Renault чив прототип поставен на основата на актуелниот жежок Megane RS напорно тестира.

Што се сокрива зад приказната на новиот жежок Megane откриваат во холандскиот магазин AutoWeek кои велат дека под маската на Megane RS се сокрива автомобил кој во основа е проектиран за на тркачка патека.
Овој опасен Megane има комплетно ревидирана шасија со спортски ориентирана суспензија и сопирачки. Каросеријата ќе биде значително олеснета во споредба со Megane RS, а турбо бензинецот ќе добие плус коњски сили.
Се очекува дека снагата на моторот која во серискиот Megane RS изнесува 250 КС ќе биде подигната за околу дваесетина коњски сили, а тежината намалена за околу 50 kg.
Идејата во Renault Sport e да се создаде идеолошки наследник на моделот од претходната генерација на Megane R26.R кој според експертите е еден од најдобрите сериски автомобили за на трка.
Покрај создавањето на уште пожешка верзија на Megane RS за пошироката публика овој проект ќе послужи и како основа за лимитираната серија на Megane RS која ќе има моќност од 350 КС и ќе може да му конкурира на Ford Focus RS 500 и на новата Astra OPC.
Лимитираната верзија на најжешкиот Megane RS треба да биде произведена во ограничена серија од 500 примероци.
|