Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Се надѕира новиот Viper
01.02.2012

Спортското одделение на Chrysler, Jeep и Dodge, Street&Racing Technology кое е многу попознато под акронимот SRT го испраќа првиот официјален тизер од новата генерација на Viper.

srt-viper-tizer-1-2012-1

Автомобилот којшто ја наследува оваа американска легенда на четири тркала повеќе нема да се продава под беџот на Dodge, туку под беџот на SRT и ќе носи полно име SRT Viper.

Во моментов нема многу информации за новиот Viper. Од SRT истакнуваат дека во првата година ќе бидат произведени ограничен број на примероци заради подигнување на ексклузивноста.

Воедно се нагласува дека евентуалните шпекулаци дека новиот Viper ќе користи хибриден систем се неосновани. Имено Viper ќе продолжи да биде икона преку својот огромен мотор поставен напред централно, односно зад предната оска.

Погонот ќе биде на задни тркала, а менувачот мануелен. Под хауба ќе работи 8.7 литарскиот V10 којшто е дело на Mopar, фабричкиот тјунер на групацијата Chrysler.

Единствениот проблем на овој чудовишен мотор ќе биде задоволување на се построгите еколошки норми и се претпоставува дека инженерите ќе се фрлат на работа и ќе воведат нови технологии за да се задоволат зелените.

Меѓутоа сето ова останува да виси во воздух, барем до следната година кога за салонот во Њујорк е најавена премиерата на новиот Viper.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook