Get Adobe Flash player
Се наѕира купето на Subaru
16.03.2010

Откако Toyota го претстави своето спортско купе со погон назад од заеднчкиот проект со Subaru сега на ред е своето видување на иста тема да го даде и специјалистот за погон на четири тркала.

subaru-216a-sti-2010-1

За да се задржи жешката атмосфера околу спортското купе на Subaru, од така наречениот проект Toyobaru, јапонскиот магазин за автомобили во соработка со дизајнерите на марката објави компјутерски генерирани фотографии од евентуалниот конечен изглед на купето кое сеуште има работен назив 216А.

Дополнително доаѓа и информацијата дека Subaru 216A нема да има погон на четири тркала систем кој е карактеристичен и со кого се прослави овој јапонски производители туку ќе го задржи само погонот назад.

Многумина ќе останат разочарани од ваквиот потег на компанијата, но факт е дека поставувањето на погон на четири тркала ќе ја подигне цената на купето и нема да биде конкурентен со својот брат близнак од Toyota.

Сепак, од Subaru целосно не ја отстрануваат можноста нивниот патентиран погон на четири тркала да влезе во серија кај 216А. Се зависи од одлуката на Toyota дали на пазар ќе ја пушти високоперформансна верзија FT-86 G Sports.

Доколу се случи тоа тогаш и Subaru ќе ја искористи ознаката STI како наставка во името на своето купе, а под неа се подразбираат многу коњски сили, погон на четири тркала и вртоглави перформанси како кај Impreza WRX STI.

 

 

 

Facebook