|
21.07.2011 |
|
Volkswagen чувствува дека Golf GTI повеќе не буди почитување како што тоа беше пред неколку години и затоа смета дека е дојдено вистинско време да го обнови неговиот мотор 2.0 литарскиот TSI.

Според информацијата која доаѓа од Волфсбург модернизираниот турбо бензинец со директно вшприцување на горивото ќе биде навиен да испорачува 220 КС кои ќе ги испраќа кон предните тркала.
Зголемувањето на моќноста не е драстично, но инженерите на модернизираниот Golf GTI ќе му поклонат и електронски управуван самозаклучувачки диференцијал кого го користи и отровниот Golf R за подобри динамички карактеристики.
|