Get Adobe Flash player
Се очекуваат Prius Sport Wagon и Prius SUV
20.11.2009

Од исток дуваа нов ветaр коj во следните 12 месеци во светот на автомобилите ќе донесe две големи изненадувања. Станува збор за две нови верзии на најпрoдаваниот хибрид на планетата Toyota Prius.

toyota-hybrid-x-2007-1

Информацијата која протече во јапонските медиуми вели дека инженерите во Toyota веќе се во завршна фаза на развој на Prius Sport Wagon и на Prius SUV. Варијанти кои почиваат на платформата на
последната генерација на Prius и се дополнување на веќе најавениот Prius Coupe.

Дополнително се наведува дека хибридниот систем кај овие две нови верзии ќе користи литиум-јонски акумулаторски батерии чив развој сеуште не беше завршен кога третата генерација на Prius пристигна на пазарот.

Јапонските медиуми како доказ за постоењето на Prius Sport Wagon и на Prius SUV го посочуваат концептот на Toyota од 2007, Hybrid X, претставен на салонот во Женева, кој требаше да послужи како основа за создавање на неколку хибридни модели.

Како што новопретставениот хибрид на Toyota, моделот Sai, е поставен на палтформата на Lexus HS 250h, така се очекува Lexus RX 400h да послужи како основа за Prius SUV.

Prius Sport Wagon, пак, би бил сличен со одлично погодениот модел на Toyota, Venza, која бележи добри продажни резултати во САД.

Одговорните од Toyota сеуште не ја коментираат протечената информација, ниту ја демантираат што е многу поинтересен момент кој укажува дека сепак во Toyоta нешто се крчка.

 

 

 

Facebook