Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Се појави BMW 6 Coupe
25.01.2011

Затворената верзија од новата генерација на Серија 6 на BMW беше уловена додека стои паркирана во центарот за дизајн и развој на нови модели на производителот од Минхен.

bmw-6-coupe-1-2011-1

Сериската верзија на BMW 6 Coupe наликува на концептот прикажан во Париз и какои кабриолетот ги следи дизајнерските смерници на купето со четири врати Gran Coupe кое премиерно беше прикажано на салонот во Пекинг.

Новото купе е поголемо од претходникот и нуди значително повеќе простор во кабината, посебно за патниците на задните седишта. Централната конзола како и кај кабриолетот е свртена кон возачот со што BMW се враќа кон традицијата.

Под хауба работат истите мотори како во BMW 6 Cаbrio. Послабата верзија е 640i со линиски шест цилиндарец од 3.0 литри и два турбо полначи кои испомпуваат 320 КС и 450 Nm вртежен момент.

Помоќната верзија 650i под хауба го пакува битурбото V8 од 4.4 литри кој испорачува 407 КС и 600 Nm вртежен момент. Податоците за моќноста и перформансите се слични со оние на кабриото кои веќе детално ги опишавме.

За разлика од кабриолетот подоцна купето ќе се појави и со турбо дизел со моќност од околу 250 КС, а во план е и спортистот М6 кој ќе користи навиена верзија на 4.4 литарецот со околу 550 КС.

Се очекува BMW 6 Coupe да биде премиерно претставено на салонот во Женева, а продажбата би стартувала на лето.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook