Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Се појави малечката Skoda Citigo
28.09.2011

Skoda го чуваше својот адут за на крај. Откако заврши салонот во Франкфурт чешката марка одлучи да го претстави својот градски автомобил којшто е создаден врз основата на Volkswagen Up!.

skoda-citigo-1-2011-1

Малечкото на Skoda ќе го носи името Citigo, не City Car како што се веруваше, и што е најважно не претставува концепт туку финален производ кој на пазарот во Чешка ќе биде понуден кон крајот на годината.

Од Skoda не сокриваат дека Citigo е идентичен со Up!, но сепак, дизајнерите се потрудиле да му поклонат нови предни светла, маска и браник носејќи го дизајнерскиот печат на марката.

Нов браник има и одзади, додека задните светла имаат поинаква оптика од Up!, иако ја задржале формата. Интересно за разлика од малечкото на VW, малечкото на Skoda ќе се нуди и со три и со пет врати. Димензиите исто така се идентични.

Под хауба работат истите мотори со моќност од 60 и 75 КС. Со нив Citigo во просек троши 4,5 и 4,7 l/100 km, додека верзија Green Tec со 4,2 l/100 km ќе биде поштедлива. Citigo нема да се нуди во изведба со која работи на компримиран природен гас CNG.

Skoda сеуште не ги објавува цените на Citigo, a на останатите пазари во Европа ќе почне да го пласира постепено низ првата половина на следната година.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook